Вести Култура Топ вести

„Зимскиот салон“ на ДЛУМ како рефлексија на предизвиците со кои се соочува светот

„ Зимскиот салон“ – традиционалната биенална изложба на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, вечерва ќе биде отворена во Чифте амам при Националната галерија на Македонија. На ова дваесето, јубилејно издание се изложени 36 дела од македонски и украински уметници. Тие, низ различни медиуми даваат одговор на зададената тема „ Интимност и меѓусебна поврзаност“, што ја осмисли во улога на куратор и селектор, украинската историчарка на уметност, Оксана Карповец.

  • За селектираните дела , јас сакав да видам како уметниците ги рефлектираат глобалните тенденции дека човештвото се наоѓа некаде , на многу опасна точка со војните, климатските промени, пандемијата. И како тоа го рефлектираат македонските уметници. Како се вклучени во ова глобално разбирање за тоа што се случува тековно, кажа кураторката Оксана Карповец.

Селекцијата е направена од 80 пристигнати дела.

  • Уметниците навистина се потрудија низ оваа призма и овој концепт да го развијат својот личен ракопис што го имаат како свој стил, своја уметничка провокација, да додадат уште едно или неколку дела со кои се обидоа да го интерпретираат овој концепт, рече претседателката на Уметничкиот совет на ДЛУМ, Маја Рауниќ- Кирков.

„ Зимскиот салон “ за прв пат бил организиран 1992 година . По 7 години тогашниот претседател на ДЛУМ, Коле Манев, потпиша договор со атељето „ Cité internationale des arts “ од Парис , за тамошен престој на лауреатот од изложбата, што државата го финансира од 2003.

  • Од тогаш наваму , за среќа имеме можност да имаме атеље таму и да престојуваме. Овој пат наградата е двомесечен престој, кажа претседателката на ДЛУМ, Јана Манева- Чупоска.

А, кој ќе биде добитник на Гран при, ќе биде објавено вечерва на отворањето на „ Зимскиот салон“. За посетителите, тој ќе биде достапен следниве 14 дена.

Сотир Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

Дејан Дејан

Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април

Дејан Дејан

Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе