Вести Економија Топ вести

Закон „Митилинеос“- новиот електро шок. Грабеж на народни пари или редовна евтина струја

Законот Митилинеос да се спречи од Комисијата за заштита на конкуренција, бара Здружението на инжинери. Бислимовски смета дека државната изградба на тој проект е невозможна поради корупцијата.

Законот „Митилинеос“ да се испита од Комисијата за заштита на конкуренцијата бара Здружението на инжинери затоа што сметаат дека со предложениот закон за стратешки  инвестиции противзаконски добива и поволности за откуп на струја и државна помош.

Со предложениот закон, здружението на инжинерите смета дека ќе се наруши конкуренцијата на енергетскиот пазар со повластување на грчката компанија Митилинеос поради што треба да реагира и комисијата со своја постапка.

ДЕЛ ОД ПРЕТСТАВКА НА ЗДРУЖЕНИЕ НА ИНЖИНЕРИ ДО КОМИСИЈА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈА: 

Веруваме дека ќе резултира во сознанија дека се работи за склучување на забранет договор со кои се нарушува конкуренцијата во смисла на член 7, што е предвидено и како прекршок согласно членот 59 од Законот за заштита на конкуренцијата.

Како има поволности и три вида државна помош за Митилинеос во предлог законот за стратешката инвестиција на гасна централа во скопската Железарница, беше и прашањето за првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски во интервјуто за Слободна Европа.

Тој вели дека има многу неточни информации кои се споделуваат во јавноста за тоа, смета дека корупцијата е главна пречка таа инвестиција да се гради од државата.

-Пред се ЕСМ работи по Закон за јавни набавки. Само да нема корупција, да нема мито, да нема ништо, само заради начинот на кој што ни функционира нашиот Закон за јавни набавки, ние ќе имаме сериозен проблем да го имплементираме. Втора работа, од која што се плашам, и на сите ние јасно го гледаме, е корупцијата. Јас тврдам дека приватниот инвеститор, било кој, за било што, многу повеќе води сметка за своите пари, отколку што е државата, изјави Бислимовски за РСЕ.

Власта и опозицијата се на спротивната страна за 4-те предлог закони за стратешки инвестиции во енергетиката, меѓу кои е и законот Митилинеос.

Лидерот на опозицијата смета дека тоа е катастрофа со несогледиви последици за идните генерации бидејќи на странски фирми се даваат енергетски инвестиции, додека доскорешниот премиер од чиј кабинет излегоа законите уште вчера кажа дека мора да има стратешки инвестиции за да не се задолжува државата.

-Eве бидејќи тие компании велат дека и мислат добро на Македонија со овие инвестиции, јас би сакал исти такви инвестиции да видам на Македонија во тие земји, и во Бугарија и во Франција, па и ние нешто добро да направиме и за Бугарија и за Франција. Зошто само тие да прават добро за Македонија, еве и ние нешто добро да правиме под истите услови, македонските компании да може под истите услови да инвестираат на толкава голема земја, земјоделско земјиште, фотоволтаици и во Франција и во Бугарија по загарантирана цена, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Сигурно дека може да се отвори дебата меѓутоа таа дебата треба да биде врз основа на факти. Гледајте, Вие на инвеститор може и да му кажете да не инвестира и да не доаѓа кај Вас. И тогаш пак нема да имате инвестиција. Или ќе каже некој- државата нека прави. Па, да, може државата да прави, ама уште една милијарда евра да се задолжи, изјави претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Законите се веќе на дневен ред на отворена собраниска седница, а минатата недела веќе се појави и пукнатина во владеачката коалиција за оправданоста на државната помош за гршката фирма.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе