Вести Економија Македонија Топ вести

Бислимовски за законот за стратешки инвеститор грчки Митилинеос. Смета дека корупцијата во државните органи е закана при државните инвестиции

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски во интервју за РСЕ на прашањето дали на грчки Митилинеос преку предложениот Закон за стратешка инвестиција му се даваат многу поволности, гарантирани цени и државна помош, вели дека се потребни инвестиции во енергетиката.

-Тие пари (н.з. државна помош), преку данокот на добивка што ќе ги даде државата како помош, ќе се вратат назад во буџетот. Сега во однос на Митилинеос, покрај Митилинеос апсолутно, да земеме, треба да направи и ЕСМ. Но, да видиме за колку краток период може да го направи тоа државната компанија, рече Бислимовски во интервјуто за Радио Слободна Европа.

Бислимовски смета дека корупцијата е главен проблем при државни инвестиции е корупцијата.

-Ние сега дискутираме ЕСМ да гради, односно државата, ама јас ви тврдам. Ако една проектирана вредност на една инвестиција почне да ја прави ЕСМ, пред се ЕСМ работи по Закон за јавни набавки. Само да нема корупција, да нема мито, да нема ништо, само заради начинот на кој што ни функционира нашиот Закон за јавни набавки, ние ќе имаме сериозен проблем да го имплементираме. Втора работа, од која што се плашам, и на сите ние јасно го гледаме, е корупцијата. Јас тврдам дека приватниот инвеститор, било кој, за било што, многу повеќе води сметка за своите пари, отколку што е државата, рече Бислимовски кој тврди дека има и многу неточни работи за инвестицијата на Митилинеос во скопска Железарница.

-Да се вратиме сега кај Митиленеос. Прва невистина која што се кажува е во делот на цената за топлинска енергија. Значи, со самиот договор е предвидено да се применува методологијата која што ја утврди Регулаторната комисија за енергетика во однос на определување на цена на топлинска енергија произведена од когенеративна постројка. Речиси, повеќе од дупло, цената на когенеративната постројка, Те-То за топлинска енергија, е поевтина од цената на топланите. Истата таа методологија ќе ја примениме и за Митиленеос. На место да имаме цена од 5,3 денари, ќе имаме цена од 2,5 денари. Оваа топлинска енергија ќе води во централниот систем на топлинска енергија на градот Скопје, каде што имаме 58-59.000 потрошувачи. Апсолутно не вистина е дека ќе одела само во еден дел во Железара, во Автокоманда и во Маџари. А бе, луѓе, не можеме повеќе да го издржиме ова со лаги. Не е нормално, изјави Бислимовски од РКЕ во интервју за Слободна Европа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе