Вести Македонија

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Во вечерашната емисија Вин Вин на ТВ Телма, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати сериозни обвинувања до владејачката партија за манипулација со националните чувства на граѓаните. Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ свесно ветувала подобрување на преговарачката позиција со ЕУ, знаејќи дека тоа е невозможно да се оствари.

Филипче потенцираше дека опозицијата неколку пати им дала простор на власта да ги остварат своите ветувања за подобар договор со ЕУ, но дека резултат нема.

  • „Целото право е на ВМРО-ДПМНЕ да ја подобри нашата преговарачка позиција, така како што ветуваа. Ама тие немале намера да подобрат нешто, затоа што и тогаш кога ветувале, знаеле дека такво подобрување не може да се случи. Двапати ги поддржавме и никако не им го негиравме тоа право“, рече Филипче.

Лидерот на СДСМ ги отфрли обвинувањата за „национално предавство“, потсетувајќи дека токму со последната преговарачка рамка, македонскиот јазик добил целосно меѓународно признание.

  • „За прв пат во рамките на францускиот предлог е чист македонски јазик, којшто го гласаат и прифаќаат сите земји членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Бугарија. Каде е тука предавството? Како е загрозен идентитетот? Ние имаме сериозни придобивки“, истакна тој.

Филипче се осврна и на начинот на кој ликот и делото на Гоце Делчев се користи за политички цели, критикувајќи ја симболиката на спомениците од проектот „Скопје 2014“.

  • „Гоце Делчев, за којшто сега плачат на телевизија… каде е неговата главна порака за светот како поле за културен натпревар? Таа порака треба да биде пред Собранието, а не пред зградата на Телеком, претставен како војник на коњ без неговата суштинска порака. Сѐ е лага, затоа што играат на картата на национализам и популизам само за да опстанат на власт“, дециден е Филипче.

Тој додаде дека СДСМ нема да се служи со лаги како актуелниот премиер во однос на стратешките прашања.

  • „Вистината мора да се знае. Ако јас сакам да дојдам на власт играјќи на теренот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе кажев ‘јас ќе го вратам името’. Еве, Христијан Мицкоски тоа не го направи и ве излажа. Тоа е играње на нивен терен, но тоа не е вистината“, заклучи Филипче.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

СДСМ откри сомнителни тендери вредни над 100 милиони евра поврзани со владејачката партија, потенцираше Филипче во Вин Вин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе