Кошарка Спорт Топ вести

Рондо уапсен поради поседување огнено оружје и дрога

Поранешната НБА-ѕвезда, Ражон Рондо во неделата бил уапсен во Индијана поради нелегално поседување огнено оружје и дрога. Рондо е двократен шампион во НБА-лигата со Бостон и Лос Анџелес лејкерс.

Плејмејкерот, кој ја заврши играчката кариера пред две сезони бил запрен од полицијата откако направил сообраќаен прекршок. Полицајците при рутински претрес во автомобилот на Рондо пронашле огнено оружје и марихуана. Веднаш бил уапсен, бидејќи тој има судски налог со кој му се забранува поседување огнено оружје. Во 2022 година бил обвинет за насилничко однесување и закана со огнено оружје кон жена. Сепак, сите постапки против Рондо за овој случај биле повлечени откако се спогодил со жртвата.

Кошаркарот мина 16 сезони во НБА-лигата, а освои две шампионски титули, една со Бостон и втората со Лос Анџелес Лејкерс.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синот на газдата на Фенербахче го почнал инцидентот по мечот со Монако (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Шест деца се ранети денеска во руски напад врз регионот Харков

Дејан Дејан

(видео)Запален Куранот и палестинското знаме во Малме, каде се одржува Изборот на песна за Евровизија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе