Култура

Управниот суд по вторпат пресуди против назначувањето на Никола Алексов за в.д. директор на МКЦ од страна на градоначалничката Арсов

Управниот суд по вторпат пресуди во корист на Програмскиот колегиум на МКЦ. Тој ја тужеше градоначалничката Арсовска за незаконско назначување на доскорашниот в.д. директор Никола Алексов, на таа позиција. Како и во првата и во втората пресуда, Управен вели дека е прекршен Законот за вработени во јавниот сектор со тоа што за в.д. директор Арсовска поставила лице кое не е вработено во МКЦ.  Од Програмскиот колегиум на МКЦ велат дека со уважувањето на нивната тужба од страна на Управниот суд, имаат право да ги поништат сите одлуки кои Алексов лани ги донел.

Програмскиот колегум на Младинскиот културен центар ја доби и втората тужба во негова корист од Управниот суд, упатена против решението на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, за назначувањето на Никола Алексов за в.д. директор на установата, во мај, минатата година.  Пресудата доаѓа во денови кога трае примопредавањето на директорската функција од в.д. директорот Алексов, на новоназначениот директор Бени Шаќири. Управниот суд досудил  против одлуката на Арсовска, да постави на функцијата в.д. директор на МКЦ некој кој не е од редот на вработените, зашто пред да ја добие таа функција Алексов беше ангажиран во МКЦ преку Агенцијата за привремени вработувања. Тоа е спротивно на Законот за вработени во јавниот сектор, велат од Управен.

  • Оценувајќи ја законитоста на оспореното решение , Судот најде дека истото е неправилно и незаконско, донесено врз основа на нецелосно и неправилно утврдена фактичка состојба, врз чија основа погрешно се применети одредбите од материјалниот закон, со што оцени дека е повреден законот на штета на тужителот, се вели во одлуката на Управниот суд.

Одлуката на Управниот суд е правосилна и против неа Арсовска нема право на жалба. А, од Програмскиот колегиум велат дека имаат право да ги поништат сите одлуките , донесени од Алексов.

  • Со уважувањето на тужбата за назначувањето на Никола Алексов за в.д.директор на МКЦ, практично институцијата цела година немала директор. Со тоа, Програмскиот колегиум на МКЦ има право на поништување на сите негови донесени одлуки во текот на целата 2023 година, велат од Програмскиот колегиум на МКЦ.

Иако побаравме коментар од Арсовска и Алексов за пресудата на Управен, тие остана недостапна.

Програмскиот колегиум на МКЦ,  лани во февруари за прв пат ја тужеше Арсовска пред Уставен за назначувањето на Алексов за в.д. директор во јануари. И ја доби тужбата . И покрај тоа, градоначалничката на Алексов му додели  и втор и трет мандат за в.д. директор. Третиот мандат во декември беше прекинат со конкурсот за директор на МКЦ, на кој беше избран Бени Шаќири и поставен на функцијата од 10 јануари. Практично, МКЦ имаше двајца раководители зашто Алексов го доби решението за престанок на мандатот од 24 јануари.

Против назначувањето на Никола Алексов за в.д. директор, дел од вработените во МКЦ и граѓаните пред една година одржаа протести. Алексов дојде на местото на Ванчо Богоев, кој беше разрешен зашто не прифати да го вработи во МКЦ ,Бени Шаќири.

 

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Диана Добрева: Културата е патот преку кој Бугарија и Македонија можат да се сплотат

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе