Вести Македонија

ДЕТАЛИ: Кои припадници на криминалната група Грчец/Дуќанџик се уапсени, каде е нивниот лидер Муареми, за кои убиства се осомничени?

Меѓу осомничените од групата Грчец/Дуќанџик се 10 лица за кои Телма го дозна нивниот идентитет. Водач на групата е Шеваљ Муареми, 46-годишен жител на Грчец кој не е достапен на истрагата, а според потврдени сознанија, подолго време е надвор од Македонија.

Едно време имаше шпекулации дека е во Шпанија (таму е уапсено едно лице од групата), но според последните податоци тој се крие и е засолнат во Дубаи во Обединетите Арапски Емирати.

Во Дубаи, минатите денови бил и Раде Трајковски Штекли, скопјанец врз кого имаше два обиди за убиство во Ист гејт Мол. Трајковски -Штекли, според полициски извори на Телма, како човек под заштита на ривалската група Беланоца, бил во Дубаи за да се смири непријателствата со избеганиот Муареми.

Меѓу уапсените е и скопјанец кој е познат по тоа што е во врска со позната пејачка од македонската поп сцена. Според извори на Телма, тој е осомничен дека влијаел врз оштетен да ја промени изјавата.

На листата на осомничени на истрагата се Неџати Исени (Н.И. 44 години), Севдал Азири (С.А. 44 години), Мухамед Чајани (М.Ч. 27 години), Фадил Бајрамовски (Ф.Б. 45 години), Оливер Петров (О.П. 43 години), Шуајб Сулејмановски (Ш.С. 40 години), Фати Сулејмановски (Ф.С. 43 години), Шукри Асани (Ш.А. 27 години) и Енсар Исени (Е.И. 25 години).

По апсењето на групата, преку фејсбук статус (во живо од затвор) се јави викан Фатлум Ајети Тоте, син на убиениот Џељо Ајети пред повеќе од една деценија (тоа убиство се уште не е расветлено). Ајети-Тоте е дел од групата Беланоца, која е во улична војна со денеска разбиената група од Грчец. На видеото кое е објавено на социјалните мрежи, Ајети-Тоте слави со музика, пуши пура и коментира во живо на социјални мрежи од затвор откако полицијата уапси повеќе членови на групата од Грчец. (слика доле)

Денеска, уапсената група е осомничена за три убиства и за еден обид за убиство. Според МВР, групата на Муареми е одговори за двојното убиство во Топанско Поле кога во автомобил ситроен беа најдени застрелани 28-годишниот Африм Бериша и 24-годишниот Бурим Вардари. Убиството е извршено на 5-ти март 2021-ва година и беше едно од нерешените злостори со застрелани припадници на клановите во војната за скопскиот нарко пазар.

Групата на Шеваљ Муареми е осомничен и за убиство на албански државјанин чие тело, изедено од диви животни беше најдено над селото Горно Матка во мај 2020-тата година. Убиениот бил закопан во дупка во овој слабо населен реон, но телото било полуоткопано од диви животни. Убиениот беше препознат по специфичната тетоважа.

МВР соопшти дека групата стои и зад обидот за убиство во Бардовци во 2019-та година, кога цел на неуспешниот напад бил Борис Мутков – Фантом, жител на Бардовци и близок со групата Беланоца на Ајети од Ченто. Мутков бил нападнат додека се движел со автомобилот мерцедес. Тој инцидент се поврзуваше со нападот кој претходно се случи во хотелот „Александар Палас“ кога мета беа членовите на групата Грчец кои седеле на маса заедно со полицаец.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференцијата за акцијата соопшти дека истрагата утврдила поврзаност на вработени во МВР, министерства, судови и јавни обвинителства со припадниците на уапсената криминална група од Грчец.

-Утврдивме лица од институции на државата кои ги пренесувале податоците, односно биле соработници на криминалните активности на групата. Ова е почетокот на чистењето на криминалните структури во системот и јакнење на довербата кај граѓаните. Ќе бидете сведоци во наредниот период за нови активности, некогаш ќе бидете и зачудени од имињата, но правдата мора да го стигне секого. Има инволвирани во многу институции, и во МВР и во други агенции и во министерства и во судови, и во јавни обвинителства. Затоа реков, можеби ќе се зачудите во наредниот период, но тоа еднаш мора да излезе на виделина и да се покаже кои се тие кои во одреден момент велеа „држете го крадецот“, рече министерот Спасовски.

ФОТО/ВИДЕО: Како е уапсена групата Грчец/Дуќанџик на Шеваљ Муареми, “увезувале” кокаин од Јужна Америка, организирале најмалку 4 убиства

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денот на културата во сообраќајот – 11 Мај

Дејан Дејан

САД: Можно е Израел да го прекршил меѓународното право со користење американско оружје

Дејан Дејан

Променливо облачно и потопло со сончеви периоди, попладне локална нестабилност – Временска прогноза за 12.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе