Вести Македонија Топ вести

Викторија Аврамовска Мадиќ не коментира за политички влијанија врз врховните судии но смета дека судксиот совет има легитимитет да истражува

Заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ не коментира за политички влијанија врз врховните судии но смета дека судксиот совет има кредибилитет и легитимитет да истражува дали имало притисоци врз судиите. Експертите гледаат продлабочување на проблемите во правосудството за кои неопходна е длабока и суштинска редорма

За заменик министерката за правда нема ништо спорно судскиот совет да истражува за какви притисоци и влијанија говорела претседателката на врховниот суд Беса Адеми во интервјуто за СДК но не сака да ја коментира содржината. Аврамовска Мадиќ  како позитивно го истакнува и тоа што судскиот совет повеке не е поделен во ставовите.

  • 2,55  Сите органи што се избрани од страна на Собранието, вклучувајќи го и Судскиот совет кој имап ретставноци од редот на судиите што сами ги избрале, во дејствувањето имаат свој легитимитет, интегритет и можат да дејствуваат. Гледаме дека во изминатите месеци Судскиот совет делува, носи одлуки едногласно, се придвижуваат процесите. Во однос на Врховен суд нема да коментриам бидејки неколку пати сум кажала ставови и одлуки нема да коментирам. Тоа е мешање на извршната власт во судска власт – Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик министерка за правда..

Со ваквиот став Аврамовска Мадиќ не само во однос на за КЗ и законот за аменстија туки и во односн на судскиот совет е на различна страна со министерот Кренар Лога. Тој  периов често го критикува судски за работата за конкретни судии и извештаи за судови а иницираше и законски измени за реформа на ова судско тело. Од советот му одговрија дека не сакаат да бидат во војна со него. Како член по функција го повикаа да дојде на седница да дискутираат за добронамерни критики но му порачаа да не излегува од своите надлежности.

Последните случувања во на релација Судкси совет – Врховен суд се уште еден доказ дека ни е потребен ветинг  длабок рез и системска реформа на правосудството смета професорката Мирјана Најчевска .

Утре ќе биде објавен извештајот на ЕК во кој ќе бидат презентирани и стаовите за правосудството. Претседатлеката на Врховен во вчерашното писмо до Судски совет со кое  ја одби поканата напиша дека очекува овој извештај но и тој на Оценската мисија за работата на Судскиот совет, да отворат суштинските прашања за проблемите во судството. Од судски совет пак најавија дека ќе продолжат со испитување дали и какви притисови имало во највисокиот суд.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Викендов со нешто попријатна временска состојба – Временска прогноза за 11.5.2024

Дејан Дејан

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе