Вести Економија Топ вести

(видео)Трајковски: Транзитната такса за рускиот гас нема да влијае многу во покачување на цената на електричната енергија, но кај загревањето процентот би бил многу поголем

Откако вчера премиерот најави дека е можно поскапување на струјата и парното за 20% поради зголемувањето на транзитната такса од страна на Бугарија за рускиот гас, експертите сметаат дека поскапувањето кај електричната енергија би било 5,13%, додека пак за парното се очекува цената да порасне повеќе.

Во разговор за Телма Дејан Трајковски, професор на Техничкиот факултет во Битола вели дека е погрешно протолкувана таа изјава, бидејќи ТЕ-ТО многу мал дел од електричната енергија ја продава на домашниот пазар.

  • Погрешно е протолкувана таа изјава бидејќи поскапувањето на транзитната такса од 10 евра по мегават час енергија во однос на сегашната цена на гасот од 40 до 45 евра би претставувало зголемување до 25%. Цената на гасот учествува во цената на електричната енергија добиена од гас со околу 77%. Тоа значи дека зголемувањето на цената на електричната енергија добиена од гас би била околу 19%. Тоа би важело само за производството од електраната ТЕ – ТО. Меѓутоа учеството на ТЕ- ТО во севкупната потрошувачка на електрична енергија на државата е многу мало. Теоретски дури и кога целото производство на ТЕ-ТО од 1600 гигабат часови на годишно ниво би се пласирало на домашниот пазар во однос на вкупната потрошувачка од 6.000 до 6.300 гигават часа тоа е само 26,7%. Но, тоа е кога целото производство би се пласирало на домашниот пазар, меѓутоа ТЕ-ТО многу мал дел продава на домашниот пазар, поголемиот дел го извезува. Оттука дури и кога целото производство би останувало на домашниот пазар најголемото можно влијание поскапувањето на електричната енергија под дејство на зголемената транзитна такса би изнесувало 5.13%, а веројатно ќе биде многу многу малку помалку, вели професорот Трајковски.

Тој истакнува дека кај загревањето поскапувањето би било многу поголемо, бидејќи ТЕ-ТО има многу голем дел во снабдувањето на Скопје со топлинска енергија.

Ирена Чачкова

Бугарската такса ќе ги поскапи парното и струјата за 20%, Владата ќе бара правда пред меѓународните судови

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе