Вести Економија Најважни

Бугарската такса ќе ги поскапи парното и струјата за 20%, Владата ќе бара правда пред меѓународните судови

Ако Бугарија не ги ослоби капацитетите од постоечкиот гасовод за да може во земјавa да се внесе гас и од други извори, премиерот Ковачевски вели дека правдата ќе ја бара пред меѓународните судови. Бугарија од денеска ќе наплаќа за рускиот гас кој од Гаспром преку Булгартранс гас влегува тука.

Ковачевски вели дека оваа давачка не е во согласност ниту со пазарните принципи, ниту пак со оние на ЕУ и дека заедно со министерот Бектеши реагирале и до Европската комсија. Ако не се исполни барањето на македонските власти, цената и на затоплувањето  и на струјата ќе порасне за 20 отсто.

  • Нема да се откажеме од барањето за капацитетите ниту за таксата затоа што се работи за неправедно наметната такса, која нема ништо заедничко ниту со пазарните принципи, ниту со директивите на ЕУ. Ако треба тоа ќе го правиме и прку меѓународните судови. Димитар Ковацевски, премиер на РСМ.

Но, Европската комисија  до која стигнаа реакциите од земјава, вчера даде зелено светло за таксата. Според проценките со давачката Бугарија ќе заработи над 1,2 милиони евра.

  • Комисијата ја нотира оваа неодамна донесена мерка од Бугарија во врска со нејзиниот увоз на гас. Ние сме во контакт со Бугарија и со други засеганти страни за да ги процениме и разговараме околу можните ефекти од оваа мерка и тоа е се што можам да кажам во оваа фаза, а за тоа каде се наменети тие приходи, сметам дека тоа е прашање за бугарските власти  бидејќи ова е национална мерка, вели Тим Мекфи, портпарол на ЕК за енергетика и климатски промени.

Единствената цевка од каде се внесува гасот во земјава е под закуп на Гаспром до 2030 година. Надлежните бараат Бугарија да го ослободи гасоводот од овој закуп за да може освен руски, да се внесат поголеми количини гас и од други извори за да се избегне таксата.

Претходно и министерот  Бектеши рече дека ако не се слободат капацитетите ќе бара оштета. А барање до европските тела испрати и првиот човек на НОМАГАС, компанијата  која врши преносот на гасот во земјава.  Претседателот на Бугарија Радев пак  поднесе жалба пред Уставениот суд.

Со одлуката освен земјава, опфатени и Србија и Унгарија. Давачката беше воведена на 13 октомври и изнесува нешто над 10 евра за мегават час природен гас. Од македонско- бугарската комора искоментираа дека со потегот Бугарија сака да го направи рускиот гас помалку конкурентен во однос на  течниот.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе