Вести Македонија

Првично: Повторно пукано врз Раде Трајковски-Штекли во Ист Гејт Мол, тој е ранет, а тешки повреди има и негов сопатник

Двајца ранети во престрелка во Ист гејт мол. Во вооружениот напад, според првичните информации, ранет е и Раде Трајковски-Штекли кој пред точно два месеци исто така беше цел на напад во истиот Мол и на истата локација, во гаражата на нивото -1.

Нападот се случил околу 14 часот.

Двајцата ранети се префрлени во градската болница во центарот на Скопје. Едниот со потешки рани е префрлен на Клиничкиот центар, додека за второто лице се подготвува хируршка операција во болницата Наум Охридски.

Раде Трајковски беше спомнуван за време на истрагата за убиството на Мартин Јанушев на крајот на 2017-та, но по бегството беше екстрадиран од Србија, одлежа 6-месечна затворска казна за друго дело и не беше осомничен во истрагата за убиството на младиот Јанушев, кој бил поранешен фудбалер.

Раде-Штекли беше уапсен во 2011-та во Атина по италијанска потерница под сомнение дека заедно со уште неколку македонци, како и нивни партнери од Балканот учествувале во мрежата за местење на натпревари во италијанските фудбалски лиги. Беше екстрадиран во Италија, а по завршените процедури и одлежаниот притвор беше депортиран од Италија.

Повеќе информации во наредните вести и на веб сајтот на Телма.

Полицијата се огласи за пукањето во Ист Гејт Мол во кое е ранет Штекли

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жестоки меѓусебни обвинувања на интерпелацијата за Тошковски

Дејан Дејан

„Трагедијата можеше да се спречи, сега бараме одговорност“ – родителите на жртвите од Кочани денеска маршираа во Скопје

Дејан Дејан

ВО САБОТА ПО ВТОР ПАТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ГОЛЕМИОТ ЕКО-НАСТАН VIVAX ЧИСТКА НА ВОДНО

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе