Вести Економија Топ вести

Раст на трошоците за работна сила и на платите во ЕУ 

Трошоците за работна сила по час во вториот квартал годинава во Еврозоната бележат раст од 4,5 отсто, а на ниво на цела ЕУ од пет проценти, соопшти Европската статистичка агенција – Евростат. Во исто време, платите по работен час во Еврозоната се зголемиле за 4,6 проценти во споредба со вториот лански квартал, а во цела ЕУ за 5,1 отсто.

Растот на трошоците за работна сила по час во Еврозоната во секторот „услуги“ на годишно ниво изнесувал 4,8 проценти, во „јавниот сектор“ 4,4, во „градежништвото“ 4,2, а во секторот „индустрија“ од 3,9 отсто. На ниво на цела ЕУ, пак, годишниот раст на трошоците за работна сила по час во секторот „услуги“ бил 5,2 отсто, во „градежништвото“ 4,8, а во „јавниот сектор“ и во „индустријата“ од по 4,7 проценти.

Најголем годишен раст на платите по работен час во периодот април-јуни 2023 година имало во Унгарија од 17,3 отсто, пред Словенија и Хрватска со по 14,5, Романија 14,4 и Бугарија од 14,2 проценти. Раст од над 10 проценти е регистриран и во Полска од 13,3, во Естонија од 13,1, Литванија 12,4 и Летонија од 12,3 отсто.

Од друга страна, најмал раст на платите по работен час има на Малта од 2,1 отсто, пред Италија од 2,4, Данска од 2,7, Португалија од 3,3, Шведска од 3,5, Германија од 3,8 и Франција од 4,4 проценти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трипуновски: Македонија забрзува – од долгогодишен застој денес имаме конкретни резултати во земјоделството

Дејан Дејан

Македонија го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција „Везилка“

Дејан Дејан

Почина познатиот македонски специјалист радиолог д-р Душан Јовановски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе