Вести Македонија Топ вести

„Здрава котлина“: Одлуката за рудникот Иловица е шок

По одлуката на Вишиот Управен суд со која повторно се актуализира прашањето за проектот за рудникот Иловица, од граѓанското здружение „Здрава котлина“ најавуваат дека ќе продолжат со правна и јавна борба против реализацијата на рудникот.

Од здружението оценуваат дека судската одлука претставува сериозен удар врз долгогодишните напори на граѓанските организации и локалното население кои речиси една деценија се спротивставуваат на отворањето на рудникот во југоисточниот регион.

  • „Да, тоа беше навистина голем шок и голем удар врз целата деветгодишна борба и врз целото запознавање на народот со тоа колку се штетни рудниците. Ние имавме некои сознанија претходно гледајќи ги нивните постапки. Беа јако удрени со пропаганда и платени медиуми, но гледаме дека ја завршиле работата и во Вишиот Управен суд. Како и да е, тоа не значи дека  рудникот утре ќе се отвори, таа одлука ние веќе почнуваме да ја разобличуваме и ќе ја оспориме на секој можен начин“, вели Стојан Велков-Трн, актер и еко-активист во „Здрава котлина“.

Според нив, остануваат спорни околностите под кои е извршено спојувањето на концесиите за експлоатација, при што посочуваат дека станува збор за концесии со различни рокови на важност кои претходно биле предмет на владини и судски постапки.

Тие сметаат дека постојат правни основи за оспорување на одлуката и најавуваат дека ќе ги искористат сите расположливи механизми за нејзино преиспитување.

  • „Оваа одлука е неправна затоа што спојување на двете концесии не може да се случи после првата концесија е 2012 истекува 2016 со непотполни услови и затоа мора да се одземе. Втората концесија од 2016 до 2020 е исто така истечена, практично втората концесија зависи од првата и нема како да споите нешто што е неспоиво. Ако првата истекла 2016 а втората 2020 која е логиката двете концесии да се спојат во 2023 година? Тогаш се донесе одлука на влада, пак реагиравме и се поништи спојувањето на концесиите. Сега се враќаме пак на 2023 година? Зошто тоа се прави кога се знае дека државата има обврска, владата има обврска и може да го спори сето тоа. Зошто се дозволува криминално да се спојат концесии коишто воопшто не се споиви“, прашува Стојан Велков од Здрава котлина.

Од „Здрава котлина“ нагласуваат дека одлуката на Вишиот Управен суд не значи автоматско отворање на рудникот, туку дека постапките поврзани со проектот продолжуваат и понатаму ќе бидат предмет на институционални и правни процеси.

Сузана Мицева

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дали Јанушев крие фирма во Бугарија – СДСМ бара истрага од Антикорупциска, од Владата велат се работи за инсинуации

Дејан Дејан

Финансиската дупка во ПИОМ нова политичка препирка меѓу власта и опозицијата

Дејан Дејан

Топлотниот бран урива рекорди во Западна Европа – одржувањето на зеленилото клучно за урбаните средини

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе