Кошарка Спорт

Димитријевиќ отпадна: Јончевски со млади сили замина во Талин

Македонската кошаркарска репрезентација денеска отпатува за Талин каде ќе настапи на претквалификацискиот турнир за пласман Олимписките игри во Париз идното лето. Нашиот тим ќе биде сериозно ослабен, бидејќи од конечниот список на патници отпадна Ненад Димитријевиќ.

Селекторот Александар Јончевски синоќа ги одреди 12-те патници за турнирот што ќе се одржи од 12 до 15-ти август во естонскиот главен град. Нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ отпадна од комбинација, поради повреда на тетивата и ќе мора да мирува одреден период иако од нашиот табор највуваат дека не се работи за нешто сериозно. На негово место во конечниот список се најде името на младиот Андреј Шошкиќ. Покрај искусните Војдан Стојановски и Стојан Ѓуроски, тука е и Ти Џеј Шортс, потоа Дамјан Робев, Љубомир Младеновски, Андреј Маслинко и Андреј Магдевски, селекторот на располагање има плејада млади играчи како Андреј Андоновски, Теодор Симиќ, Петар Бошалески и Марко Миловановиќ.

Македонија на претквалифицискиот турнир ќе игра против Израел, Естонија и Чешка. Првите две репрезентации од групата ќе се пласираат во полуфиналето што ќе се игра во Гљивице, Полска, каде што ќе вкрстат со најдобрите две селекции од групата Б, а тоа се Полска, Португалија, Босна и Херцеговина и Унгарија. Само победникот ќе обезбеди место на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Париз.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе