Вести Македонија Топ вести

Што по нацрт извештајот на ЕК? Ристевска- Јорданова за „делумната подготвеност“ на земјата од скринингот

„Делумна подготвеност“ или добра оценка?  Нацрт извештајот на Европската комисија отвори повеќе прашања отколку што донесе нови заклучоци. Дел од впечатоците на европските бирократи се веќе познати, но она што сега се поставува како прашање е што прво да се решава за да се остане на патот на европските интеграции.

Според експертите, Европската комисија не може да наложи, но очекува гласање по уставните измени, обврска која во нацрт извештајот стои дека самите сме ја презеле.

Иако во синоќешнтото професорско експозе на надлежниот минситер Османи изостанаа многу детали, Јорданова денеска го потести Османи дека договорот за добрососедство со Бугарија е во специјалниот дел од обврските.

Долг е паттот до отворање на преговорите за кластерот еден, потстеува Јорданова .

Во нацртот се содржани поглавјата 23, судство и основни права, поглавје 24, правда, слобода и безбедност, поглавје 5, јавни набавки, поглавје 18, статистика и поглавје 32, финансиска контрола.

Покрај нив во нацрт скининг извештајот се опфатени и областите кои се однесуваат на функционирање на демократски институции, реформите на јавната администрација и економските критериуми.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе