Спорт

Светски рекорд на штафетата на Австралија, трето злато за Маршан

На петтиот ден од Светското првенство во пливање забележано е уште едно најдобро постигнување на сите времиња.

Штафетата на Австралија 4 пати по 200 метри слободно во женска конкуренција до златниот медал стигна со време од 8 минути 37 секунди и 50 стотинки и скоро за две секунди го подобри досегашниот светски рекорд. Второто место го освоија пливачките од САД додека со бронзата се закити Кина.

Французинот Леон Маршан го освои и третото најсјајно одличје и тоа по победата во трката на 200 метри мешано. Тој забележа време од 1 минута 54 секунди и 82 стотинки што е нов европски рекорд и тој влезе во историјата како прв пливач од Франција кој успеал да освои пет светски титули. Маршан во оваа дисциплина славеше пред Британците, Данкан Скот и Том Дин.

Тројната олимписка шампионка Кајли МекКион триумфираше на 50 метри грбно, втора на целта пристигна Американката Реган Смит, а трета е Лора Кокс од Велика Британија.

На 200 метри градно злато за Канаѓанката, Самер Мекинтош која славеше пред Елизабет Декерс од Австралија и Реган Смит.

И во финалето на 100 метри слободно златен медал за Кајл Чемберс од Австралија, кој триумфираше пред Џек Алексеј од САД и Максим Гросе од Франција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Расел славеше во Австрија, Антонели останува лидер во Формула 1

Sportska Redakcija

 Огура испиша историја во Асен, Мартин нов лидер во Мото ГП

Sportska Redakcija

Ивановски поразен во финалето на М25 турнирот во Загреб

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе