Кошарка Спорт

Маслинко: Мораме да се подготвиме најдобро што можеме за предизвиците што следуваат

Машката кошаркарска репрезентација ги почна подготовките за претстојниот настап на претквалификациите за Олимписките игри.

Селекторот Александар Јончевски се уште не може да смета на сите повикани кошаркари, но веќе од следната недела се очекува тој на располагање да го има комплетниот состав.

Пред нашиот тим е огромен предизвик со оглед на фактот дека во последниве години не сме биле дел од турнир на кој настапуваат селекции кои се редовни учесници на големите натпреварувања пред се во Европа.

” Се подготвуваме, макар што сеуште не сме комплетни, односно, допрва треба да се комплетираме. И искрено се надевам дека ќе имаме доволно време до пријателските натпревари да се подготвиме, и да дадеме некој свој максимум. Краток е периодот на подготовки. И нема доволно време за натпревари. Од таа гледна точка, натпреварите се добредојдени. Ако има уште некој меч, тоа би било голем плус. Меѓутоа, тоа е што е, мораме да се подготвиме најдобро што можеме”, рече Андреј Маслинко.

Во Талин репрезентацијата на Македонија за противници ги има селекциите на Естонија, Израел и Чешка.

“Да бидам искрен, не ги познаваме, сеуште, доволно ростерите на противниците. Јас се надевам на успешни игри. Ќе одиме максимално, до крај. Ќе одиме на победа на секој натпревар. И се надевам дека можеме да се надигруваме со сите селекции кои ќе бидат таму во Талин”, заврши македонскиот репрезентативец.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Далас води против Клиперс, Феникс близу да добие „метла“ од Минесота (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Пиоли сигурно добива отказ: Милан назначува поранешен играч на кормилото

Desk

Холанѓанец ќе го наследи Јирген Клоп на клупата на Ливерпул

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе