Вести Култура

На 94-годишна возраст почина познатиот писател Милан Кундера

На 94-годишна возраст почина познатиот чешки писател Милан Кундера, кој живееше во Франција од 1975 година, кога емигрирал од Чешка.

„За жал, можам да потврдам дека Кундера почина вчера (вторник, 11 јули) по долго боледување“, изјави Ана Мразова, портпаролка на библиотеката Милан Кундера во неговото родно Брно.

Роден на 1 април 1929 година, во вториот по големина град во Чешката Република, Кундера пишувал песни и раскази пред да биде објавен неговиот прв роман „Шега“ во 1967 година. Меѓу неговите најпознати дела се вбројуваат „Книгата на смеата и заборавот“, „Уметноста на романот“ и „Бесмртност“.

Реномираниот роман на Кундера, „Неподносливата леснотија на постоењето“, започнува мачно со советски тенкови кои се тркалаат низ Прага, главниот град на Чешка, кој беше дом на авторот додека не се пресели во Франција во 1975 година.

Соединувајќи ги темите на љубовта и на егзилот, политиката и длабоко личното, романот на Кундера доби признание од критиката и многубројна читателска публика од Запад, која ја прифати и неговата антисоветска субверзија и еротиката проткаена низ многу од неговите дела.

Тој си го вратил своето чешко државјанство пред само четири години, во 2019 година. Ретко даваше интервјуа, верувајќи дека писателите треба да зборуваат преку нивните дела.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе