Вести Економија Македонија Топ вести

Царинската управа излегува на протести во петок, најавуваат дека е можно затворање на границите

По УЈП и вработените во Царинската управа излегуваат на протести. Од ССМ за Телма велат дека  во петок на пладне  работниците  и од овој орган кои е под капата на Минисетртвото за финансии ќе излезат за да го искажат својот револт.

Инаку, Царинската управа веќе има и нов директор. На местото на Славица Котуров доаѓа поранешниот градоначалник на Карпош Стефан Богоев.

„Како што најавивме дека ќе имаме жешко синдикално лето, в петок од 12 часот имаме протест во Царинската управа. Вработените во Царинската управа, иако со години имаат право на додаток од 30 отсто, тие не го добиваат. Тие обезбедија 30 отсто покачување на платата во Министерство во финансии, во други институции не добиваат. Ќе направиме предупредувачки протест за вработените во Царинската управа, кои го полнат буџетот со повеќе од 50 отсто. Знаеме дека има нов директор, чекаме прием, да видиме дали ќе нѐ сослуша. Не се откажуваме од барањето. Не нѐ интересира дали има нов или стар директор“, посочи Сојузот на синдикатите.

Не се исклучува бунтот да се радикализира. „Ќе се радикализираат и протестите, размислуваме за затворање гранични премини“, посочија од Сојузот на синдикатите.

Вработените во Царинската управа се само едни од низата што си ги бараат ветените додатоци.

УЈП со став: Протест или штрајк е легитимно право на вработени во било која сфера, па и во Управата за јавни приходи

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе