Вести Економија Топ вести

Бислимовски против враќање на ДДВ-то, Бесими без прецизен одговор

Без прецизен одговор дали министерството за финансии ќе достави предлог до Владата да се одложи враќањето на ДДВ-то за струја од 10 на 18 отсто од 1 јули, што ќе влијае на конечната цена за струја која ќе ја плаќаат домаќинства. Регулаторот Бислимовски кажа дека одлуката може да се пролонгира до 1 јануари, министерот Бесими избегна да даде јасен одговор.

Доколку од 1 јули ДДВ-то за струја се врати на 18 отсто, тоа ќе влијае со 7,2 отсто повисока цена за струја за домаќинствата.

Во моментов во Регулаторна се прават анализи околу враќањето на ефтината струја, познато е дека ќе биде во траење од два часа во интервалот од 12 до 16 часот, но прецизно кои дополнително ќе се утврди и зависи од пазарот на струја.

Бислимовски е дециден дека граѓаните нема да ги плаќаат кражбите на струја, бидејќи регулаторната Комисија и кај МЕПСО и кај Електродистибуција излезените фактури ги пресметува како 100 отсто наплатени.

Дали и колку ќе поскапи струјата зависи исклуиво до ЕСМ и цената за мегават час која таа ќе ја понуди на универзалниот оператор ЕВН Хоум, а која треба да биде одобрена од Владата. Неофицијално пресметките се дека треба да изнесува околу 73 евра за компанијата да работи рентабилно.

Енергетските оператори МЕМо, МЕПСО и Електродистрибуција ги доставија своите пресметки во кои бараат зголемување на цените на нинвите услуги за 30 до 80 отсто.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Термоцентралите на Западен Балкан загадуваат 6,6 пати над дозволените граници – извештај на мрежата „Бенквоч нетворк“

Sasko Dimovski

Прифатени седум од 105 поднесени амандмани за Предлог на законот за судска служба

Sasko Dimovski

Вишиот управен суд со пресуда поништи одлука за концесијата за Иловица

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе