Одбојка Спорт

Одбојкарите вечерва против Хрватска атакуваат на нова победа

Нова двојна одбојкарска понуда во Скопје, македонската машка и женска одбојкарска репрезентација ги играат натпреварите од третото коло во Златната и Сребрената европска лига.

Од 20 часот и 15 минути во арената Борис Трајковски, машката селекција на Македонија ја пречекува Хрватска и има нова шанса да забележи победа и да остане во трката за освојување на првото место во групата.

Нашиот денешен противник кој поради фактот дека е домаќин на завршниот турнир сигурно ќе биде дел од четирите најдобри во првите две средби забележа порази. Во првото коло Хрватите беа совладани од Белгија со 3:1 додека во следната рунда Украина славеше со 3:0.

Тимот предводен од селекторот Јошко Миленковски ќе се обиде да ја искористи предноста на домашниот терен и бодрени од навивачите ќе се обиде да стигне до нова победа, втора по онаа против Белгија во која славевме со 3:1.

Од 17 часот и 30 минути исто така во арената Борис Трајковски, женската репрезентација на Македонија ќе се соочи со главниот фаворит за првото место Естонија.

Нашите одбојкарки имаат можност да покажат дека формата оди во нагорна линија и дека претходните два дуели со Австрија и Летонија беа одлична шанса за стекнување на неопходното искуство на меѓународната сцена.

Избраничките на селекторот Пауновиќ од натпревар во натпревар во натпревар играат се подобро и сигурно дека ќе се обидат да ја искористат секоја можност за освојување на првиот сет во рамките на Сребрената европска лига.

Влезот за сите заинтересирани е слободен.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Чаир преку Вардар до финалето на Купот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Ѓорче Петров убедлив против бранителот на трофејот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе