Спорт Фудбал

Познати сите 26 учесници во Лигата на шампионите

Во пресрет на финалето од фудбалската Лига на шампиони што ќе се одигра следната сабота во Истанбул, познати се сите учесници за следното издание на елитното натпреварување.

По триумфот во Лига Европа, Севилја ја комплетираше листата од 26 клуба кои имаат директен пласман додека останатите шест кои ќе влезат во конкуренција за настап во фазата по групи ќе бидат познати по одигрувањето на квалификациите.

Максимален број на претставници, пет има Шпанија и покрај Севилја дел од елитното натпреварување ќе бидат Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Реал Сосиедад. По четири екипи ќе имаат Англија и Германија, а по три Италија.

За прв пат во историјата свој претставник кој има директен пласман е Србија, а дел од шампионската Лига ќе биде Црвена Звезда.

Фазата по групи почнува на 19 септември, а решавачките дуели за влез во Лигата на шампионите на програмата се кон крајот на август.

ЕКИПИ СО ДИРЕКТЕН ПЛАСМАН ВО ЛШ

ШПАНИЈА: Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Реал Сосиедад и Севилја.

АНГЛИЈА: Манчестер Сити, Арсенал, Манчестер Јунајтед и Њукасл

ГЕРМАНИЈА: Баерн, Борусија Дортмунд, Лајпциг, Унион Берлин

ИТАЛИЈА: Наполи, Лацио, Интер

ФРАНЦИЈА: Пари Сен Жермен, Ленс

ПОРТУГАЛИЈА: Бенфика, Порто

ХОЛАНДИЈА: Феенорд

Шкотска: Селтик

СРБИЈА: Црвена Звезда

АВСТРИЈА: Салцбург

УКРАИНА: Шахтар Доњецк

 

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска на Вимблдон: Ѓорческа против Анисимова

Kristina Kuzmanovski

Почина поранешниот претседател на Одбојкарската федерација на Македонија, Марјан Јованов – Мане

Sasko Dimovski

Расел славеше во Австрија, Антонели останува лидер во Формула 1

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе