Спорт Фудбал

Донарума потенцијален кандидат за замена на Шчесњи

Јувентус во следната сезона нема да биде дел од Лигата на шампионите и тоа како последица на казната изречена за финансиските малверзации во текот на 2020 година.

Сепак тоа нема да биде пречка во текот на летниот преоден рок Старата дама да доведе неколку засилувања, а се со цел да се формира тима кој во новото првенство ќе се бори за шампионската титула.

Првата аквизиција на Јувентус може да биде репрезентативниот голман Џанлуиџи Донарума, кој во Торино би пристигнал само под услов сегашниот прв чувар на мрежата Војчех Шчесњи реши да не ја продолжи соработката.

Сепак за да се реализира идејата треба да се издвојат многу пари или да се водат макотрпни преговори со Пари Сен Жермен.

Донарума со францускиот првак има договор до 2026 година и откупна клаузула од 199 милиони евра.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе