Вести Македонија

Опасна неексплодирана граната пронајдена кај границата со Грција

Пиротехничарите на ДЗС предупредуваат дека пронајдената неексплодирана граната, кај границата со Грција, може да има смртоносен радиус до 150 метри и дека е доволен само еден удар за да дојде до нејзино активирање и експлозија.

Конкретно, ДЗС информира дека денеска е пронајдена артилериска граната од 75mm од Првата светска војна во местото наречено „Ќупот“, југозападно од Гевгелија, во близина на државната граница со Грција. Станува збор за неексплодирано убојно средство, кое веднаш било обезбедено од надлежните служби.

Пиротехничарот од ДЗС, Ѓорѓи Стефанов, појасни дека гранатата е од типот топовски проектили од Првата светска војна и дека најверојатно се работи за испукана, но неексплодирана граната која останала активна.

Според него и при најмал удар може да дојде до моментална експлозија, бидејќи станува збор за исклучително опасно убојно средство, со потенцијално смртоносно дејство во радиус од околу 150 метри.

Неексплодираната граната ќе биде безбедно транспортирана и уништена на армискиот полигон „Криволак“, согласно протоколите за уништување на неексплодирани убојни средства (НУС).

Ангелов апелира до граѓаните, во случај на пронаоѓање на сомнителни предмети што наликуваат на експлозивни средства, да не ги допираат и веднаш да пријават на бројот 112.

Сузана Мицева

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Законот за игри на среќа, нема да ја намали навиката за играње, туку ќе доведе до експанзија на црниот пазар – реакција на АСОМ

Дејан Дејан

Политички судир околу Изборниот законик – СДСМ обвинува за изборна кражба, од ВМРО ДПМНЕ велат прифативме сѐ што побараа

Дејан Дејан

(Видео) Пoжар се шири кон куќите во Шутo Оризари

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе