Кошарка Спорт

Денвер го совлада Мајами и поведе во финалето со 1:0

Во првиот натпревар од финалната серија во НБА лигата, Денвер го совлада Мајами со 104:93.

Никола Јокиќ првиот финален меч во кариерата го заврши со 27 поени, 14 асистенции и 10 скока, Џамал Мареј додаде 26 поени и 10 додавања додека Мајкл Портер впиша 14 поени и 13 освоени топки под обрачите.

Во редовите на Мајами, Бам Адебајо имаше учинок од 26 поени и 13 скока, Гејб Винсент беше стрелец на 19 поени, а Џими Батлер забележа 13 поени, седум асистенции и седум освоени топки.

Серијата останува во Денвер, а вториот дуел се игра в недела.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе