Спорт Фудбал

Бускетс се поблиску до трансфер во Саудиска Арабија

По заминувањето од Барселона, Серхио Бускетс најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија и според медиумите во Каталонија, поранешниот шпански репрезентативец наскоро ќе потпише договор со Ал Наср.

Неофицијално тој дал начелна согласност во следниве 12 месеци да биде дел од екипата за која настапува Кристијано Роналдо и се очекува тој за едногодишната верност да инкасира 20 милиони евра.

Триесет и три годишниот Бускетс во последно време имаше и понуди за преселба во САД, но очигледно е дека тој се реши да ја избере далеку побогатата понуда од Блискиот исток.

Неофицијално на Бускетс ќе му се приклучи и Жорди Алба кој исто така си заминува од Барселона, а се очекува и тој наскоро да потврди дека кариерата ќе ја продолжи во Ал Наср.

ФОТО: Игор Паневски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе