Спорт Фудбал

Од понеделник почнува продажбата на влезници за мечот со Украина

Во понеделник, 5. јуни, ќе започне продажбата на билети за натпреварот на Македонија – Украина (16. јуни, 20:45) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од квалификациите за ЕП 2024.

Цената на влезница за натпреварот изнесува од 300 и 400 денари.

Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Украина ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите.

Едно лице може да купи најмногу четири (4) билети. Задолжителна е влезница за натпреварот и за деца, без оглед на нивната возраст.

Цени на билети: 

Северна Трибина

Блок 13, 14, 18, 19, 20, 21, 23 и 24      300 денари

Јужна Трибина

Блок 1, 2, 5 и 6                                     300 денари

Блок 3 и 4                                             400 денари

Билетарницата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на 14-ти, 15-ти јуни и на денот на натпреварот, 16-ти јуни од 10:00 часот.

ФОТО: Игор Паневски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе