Спорт Фудбал

Милевски: Да одиграме на највисоко ниво против две силни репрезентации

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за двата квалификациски натпревари за Евро 2024 против Украина (16. јуни, 20:45 часот, Национална арена „Тодор Проески“) и Англија (19. јуни, 20:45 часот, Олд Трафорд, Манчестер).

“Првиот меч го играме против Украина. Ние сме сконцентрирани само на тој натпревар, за Англија ќе размислуваме подоцна. Украинците го имаат речиси непроменето составот од претходното Европско првенство, со исклучок на неколку измени. Дури и да дојде до промена на селекторското место, играчите се тие, повиканите. Мораме да размислуваме позитивно, нашата цел е остварување на победа, бидејќи во денешниот фудбал нема апсолутни аутсајдери”, рече селекторот.

Како и на претходните дуели тој повторно има проблеми со повредени фудбалери и по кој знае кој пат нема да може да смета на сите играчи.

“Во овие речиси две години, одигравме само еден натпревар комплетни, тоа беше натпреварот со Португалија. На сите останати дуели не бевме комплетни. На списокот не се наоѓаат Дарко Чурлинов и Бојан Миовски, им посакувам и на двајцата брзо да се опорават и да се стават на располагање. Дарко моментално е хоспитализиран во клиничкиот центар во Белград поради здравствени компликации. Останавме без две опции во нападот, но верувам дека ќе успееме да се прикажеме во добро светло и ќе успееме да го извлечеме максимумот. Се надевам дека сите ќе бидат подготвени до почетокот на натпреварите”, заврши Милевски.

ФОТО: Игор Паневски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе