Вести Економија Најважни

Цените одмрзнати и непроменети, но прашање е до кога – велат граѓаните, додека надлежните смируваат

Торбите полни затоа што мора да се јаде. На пазарите раздвижено, а цените во фокусот. Од денес тие се свежо одмрзнати, затоа што заврши мерката на властите. Иако стравуваа, ценовниот шок денес не ги дочека купувачите на пазарите и по рафтовите во маркетите. Песимизмот е голем – цените нема да се намалат, коментираат луѓето.

-Од тоа што видов денес додека пазарев, цените не се покачени. Цените се такви какви што беа. А, ги видов цените на зеленчукот, црешите, јајцата, брашното, лебот – на сѐ. Ако се зголеми цената на струјата, сигурно дека ќе има покачување.

-Најверојатно е дека ќе скокнат цените. Трговците и производителите сигурно ќе ја искористат ситуацијата исто како со замрзнувањето на цените на гравот и на сѐ друго што нема никаде по продавниците. Сигурно дека ќе искористат, комантираат граѓаните.

Како одговор на ова, министерот за економија тврди дека нема да се дозволат манипулации. Инспекции, контроли и казни – само овој механизам сега е на располагање, во ситуација кога трговците и производителите добиваат одврзани раце. Претходно, од Владата порачаа дека стопанските комори дале збор, дека нема да има големи осцилации на пазарот.

Ако одредена компанија или одреден сектор вештачки се обиде да ги зголеми цените, се знае дека сите институции ќе влезат во функција и тоа нема да биде дозволено. Јас имав разговори, а дел од нив ги спроведоа моите служби и тимот и тие кажаа дека за одредени производи би можело да има и намалување на цените, смета Бектеши.

Ќе се стабилизира пазарот и некои пекарски производи ќе поевтинат, но ништо нема да поскапи. Ова го тврди Горан Ѓорѓиевски од Агробизнис комората.

Во моментов има намалување на цените и во однос на електричната енергија, а намалени се и цените на суровините коишто учествуваат како инпути во финалниот производ. Тоа значи дека во иднина може да се случи на одреден број на производи да остане истата цена или некои цени можеби и ќе се намалат. Слободниот пазар најдобро и најквалитетно ќе го направи тоа, во однос на принципите на понуда и побарувачка на самиот пазар, вели Ѓорѓиевски.

Синдикатите веќе дадоа свој став. Двојни и тројни фактури, увоз под една, а прикажана друга цена на производите – ова се само дел од аргументите на ССМ. Од Сојузот порачаа сите државни органи да се впуштат во сериозна контрола на пазарот.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – Изборна хроника 04.05.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе