Вести Економија

Еуросупер-98 од полноќ поскапува за половина денар, цената на Еуросупер-95 и на дизелот не се менува

Од полноќ поскапуваат Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство за половина денар. Цената на Еуросупер БС-95 и Еуродизелот останува непроменета.

Согласно денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), новата цена на Еуросупер БС-98 ќе биде 83 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство 68 денари за литар. Цената на Еуросупер БС-95 останува 80,5 денари за литар и на дизелот 69 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,742 ден./кг. и сега ќе изнесува 40,175 ден./кг.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,145 проценти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот на Буџетот за 2026 повеќе пари за капитални инвестиции и стабилни јавни финансии

Дејан Дејан

(видео)Жерновски: Во која европска земја после Бугарија, има најмногу бугарски државјани во својата влада?

Дејан Дејан

Инфлација под 3 проценти, анализа на цените – Кога ќе поевтини храната?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе