Вести Економија

Работници од Турција и Пакистан веќе се ангажирани во фарми во Свети Николе

Странски работници од Турција и Пакистан освен на патиштата и на станбените згради деновиве влегоа во секторот сточарство и производство на млечни производи. Шестмина работници од Индија работат на фарма и во млекара во Свети Николе. Претседателот на Собранието на Организација на работодавачи, Ангел Димитров ја потврдува информацијата и вели дека сопственикот е задоволен од работата на странските работници, на кои им се обезбедени сите услови и плата, како на нашите македонски работници. Станува збор за ниско квалификувана работна сила, а во изминатиот период се појавија и многу Агенции,кои сакаат увозот на странски работници да им биде сериозен бизнис. Смета дека во текстилниот сектор ова ќе стане реалност за три до четири години.

Увозот на странски работници во земјава  го кочат актуелните Закони, затоа и бизнис секторот смета дека е потребна либерализација во овој дел.

Економските експерти сметаат дека увозот на ниско квалификувана работна сила може да доведе до зголемување на конкуренција во трудоинтензивните дејности, а не е исклучено и стагнација на плати.

Странските градежни компании кои градат во Македонија најголем дел од работниците го обезбедуваат од надвор. Димитров смета дека истото ќе се случи и со Коридорите 8 и 10 д, бидејќи какошто вели Македонија нема доволно работна сила која сака да работи во секторот градежништво.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе