Вести Економија Топ вести

Деспотовски во „Топ тема“: И за домашните компании ќе го овозможиме истото што важи и за странските во ТИРЗ

Во периодот 2017 година – 2021 година се исплатени 75 милиони евра државна помош за странските компании во Технолошко-индустриските развојни зони, меѓутоа само минатата година, 2022, соодносот на исплатени од наша страна 1 евро, вратени се назад 4,5 евра, нагласи Јован Деспотовски, директот на Дирекцијата за Технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ), во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Тоа значи дека државата приходува и тоа приходува сериозно. Тоа значи дека се прелеваат. Минатата година имаме три и пол милијарди денари приходи, а исплатени се, речиси, 800 милиони денари. Тоа значи дека разликата од две и пол милијарди денари отишла за друго. Отишла за обрзование, за здравство, за инфраструктура. Да, им овозможуваме сè, се согласувам. Имаат регулирана инфраструктура, имаат земјиште под долгорочен наем, имаат услуга од наша страна која што подразбира полесен пристап до други јавни услуги од другите институции. И моја цел е, ако тоа веќе функционира така и ако имаме таков ефект каков што имаме, истото да го овозможиме и на домашните компании“, изјави Деспотовски.

Затоа, како што истакна првиот човек на ТИРЗ, од средината на годината, фокусот го дополнуваме со домашните среди и големи компании, без притоа целосно да се заборават странските компании.

„Ќе објавиме инвестиција на голема домашна компанија и ќе кажеме ова е можно вака, повелете сите останати. Велам средни и големи, за микро и мали компании постои Фондот за иновации. Може да функиционираат и натаму. Меѓутоа, среднит и големите веќе и по регулатива може да бидат наши клиенти, иако мене ако ме прашате лично, во наредните три или пет години треба сериозно да размислиме и да спроведеме еден друг концепт, а тоа е пристап до инфраструктурни услуги, енергетика. И генерално, финансиските средства и поддршката се горе-долу израмнети, да бидат достапни за било која компанија, на било кое парче од државата. Бидејќи, лично сметам дека е малку оправдано на држава и територија, колкава што сме да функционираат 14 изолирани зони во кои што важат правила. Правилата се тие, меѓутоа во кои што важат многу подобри услови отколку во останатиот дел“, смета Деспотовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе