Вести Економија Топ вести

ДДВ-то на струјата ќе расте – Владата негира поскапување од 1 јули

Новата цена на струјата засега е загатка. Додека се прават анализите за чинење за производство и транспорот, владата се расфрла со изјави дека новата цена нема да биде повисока, иако со денови најавува враќање на стапката на ДДВ-то од сегашните 10 на 18 отсто. Кој ќе ја плати разликата од 8 отсто, граѓаните или одново ќе субвенционира владаата, одлука ќе падне во наредниот период.

Едно засега е сигурно. Во игра се враќа евтината тарифа, но финалната цена сè уште се крои меѓу компаниите и регулаторот. Тендерот за цената која треба да ја понуди ЕСМ, во наредните денови  треба да го објави ЕВН ХОУМ. Најчесто сите потребни количини ги нудат државните електрани. Каква цена на струјата ќе плаќаат граѓаните во наредните шест месеци, најмногу ќе зависи од цената на ЕСМ.

Во меѓувреме, енергетските компании почнаа да ги доставуваат пресметките за трошоците до РКЕ  кои се потребени за формирање на новите цени на струјата во тарифните блокови. Рокот е до крајот на мај. Опозицијата од собрансиката говорница обвини дека владата манипулира и го крие поскапување на струјата за домаќинствата.

До сега, Електродистрибуција и Мемо го направиле тоа. Се чекаат оние од Мепсо и ЕВН, но и тендерот на кој државната ЕСМ треба да понуди нова цена за својата струјата која ја користат  домаќинствата и малите потрошувачи. Отакако регулаторот ќе ги добие сите пресметки, ќе одлучи што од нивните трошоци ќе биде прифатено, а што не. Од 1 јанаури, цената на струјата за првиот и вториот блок се намали, а кај цената за третиот и четвртиот блок имаше благ раст. Минимално поскапување имаше и кај евтината електрична енергија. Се намали трошокот за пренос и дистрибуција на струја, но ДДВ се зголеми од 5 на 10 отсто. ЕСМ, пак, за над 15 отсто ја поскапи својата струја, односно цената за мегават час скокна од 48 на 56 евра.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бегалците од кондовската група упасени во Урошевац имаат и косовски пасоши?

Дејан Дејан

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

Дејан Дејан

Од утре стартува гласањето за двојните избори, ќе гласаат болните, немоќните и затворениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе