Вести Економија Топ вести

Синдикатот до Бесими: Нов закон за плати веднаш, покачувањето на платите само во финансии е самоволие

Откако подели повисоки плати во своето министертво, Бесими сега смета зголемување, останатите вработени во јавниот сектор треба да добијат догодина. Ваквиот предлог го правдаше со тоа дека може да се подгрее инфлацијата. Неговиот колега пак вицепремиерот Битиќи е за брзо решение. Смета дека новата методологија и исплатата на повисоки плати во јавниот сектор треба да се случи што поскоро.

Додека се чека новата пресметка на плати и колективниот договор за кој синдикатите и надлежните се договараат, вработени во финансии добија за 30 отсто повисоки плати сметано од први јануари годинава. Но, тоа не се однесува за УЈП, Царина, но и за други институции кои во составот на финансии. Синдикатите  реагираат, овој потег е самоволие.

Ова прествавува само самоволие и е спротивно на она што министерот Бесими го пласира во јавноста, дека е потребен еден систем со еднакви плати во администрацијата. И ако сакаат еден систем, најдобро е да се примени оној по кои функционерите си исплатија  повисоки плати за 78 отсто, сметаат од упоз.

До крајот на неделава синдикатот треба да добие од надлежните симулација како би се движела исплатата на платите со новата пресметка и колективниот договор за кој се преговара. Вицепремерот Битиќи смета со новата методологија конечно ќе се стави крај на проблемите со примањата во јавниот сектор.

Функционерите веќе добија зголемени плати до 78 отсто, по одлуката на Уставен. Вицепремиерот Битиќи соопшти дека со зголемувањето добил 125.000 денари. Слично колку и министерот Бесими. Платата на Спасовски изнесува 153.000, а на претседателот Пендаровски 165.000 денари. Вицепремиерот Груби се пожали дека неговата е најниска, а минстерот за земјоделство не знаеше  колку е зголемувањето, затоа што ги изгубил картичките во Брисел.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе