Вести Македонија

На Клинички да има еден директор, да се направи Ургентен Интернистички Центар со тријажа, предлага Меџити

Дел од плановите на министерот за здравство Меџити, која ќе ја предложи на седница на Влада , е да се спојат сите клиники во Скопје во еден Тријажен центар.

  • Треба да има еден директор на цел клинички центар, како што било порано. Има заеднички служби кои се загубари и должници и не можат струјата да ја платат. Но не седев со скрстени раце, побарав донации, користејќи ги и моите лични познанства и собравме сума од некаде 500.000 евра. Сакаме да направиме Ургентен Интернистички Центар, како што има на Хируршки. Пациентите шетаат по ходници и тоа јас не можев да го поднесам, вели Меџити.

Подготовките на Токсикологија се при крај и таму ќе биде еден Ургентен Интернистички Центар со Тријажа, кој ќе работи 24/7.  Тука ќе има специјалисти од сите области и тука ќе се носат дијагнозите. Ако треба пациентот ќе се проследува понатаму, ако не, си заминува дома, вели министерот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бектеши: Со вакви ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ преговорите со ВРЕДИ ќе пропаднат

Дејан Дејан

Заев, Русковска, Спасовски на листата од 32-ца за кои Боки 13 поднесе кривична пријава

Дејан Дејан

ГС на ОН изгласа резолуција со која се зајакнува позицијата на палестинската мисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе