Спорт Фудбал

Интер и Милан рушат рекорди во Италија

Полуфиналното соочување во Лигата на шампионите меѓу Милан и Интер руши рекорди во Италија.

Според последните информации на првиот меч на кој домаќин беше Милан продадени се 75.532 влезници, а вкупниот приход изнесувал 10,5 милиони евра што е рекордна сума во земјата.

За четири дена ќе се игра реванш мечот, а во Интер очекуваат тој рекорд бргу да биде соборен бидејќи се предвидува дека од овој натпревар ќе се генерира приход од 12 милиони евра.

Иако се најавува дека ќе биде продадена истата бројка на влезници поголемиот приход е резултат на нешто повисоките цени кои ги одреди домаќинот на вториот натпревар.

За разлика од првиот меч кога вкупната бројка на апликации за влезници била околу два милиони во Интер истакнуваат дека и сега интересот е огромен и за купување на билети испратени се  500.000 барања.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ливерпул ќе плати 11 милиони евра обештетување за новиот тренер

Дејан Дејан

Најголемиот тест сезонава за МЗТ: Во „Јане Сандански“ гостува Спартак Суботица

Дејан Дејан

Далас води против Клиперс, Феникс близу да добие „метла“ од Минесота (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе