Вести Економија Топ вести

Синдикатите ја притискаат владата за функционерска основица на платите

Ќе успее ли синдикатот да ја убеди владата, платите и на останатите вработени во администрацијата да се пресметуваат според формулата по која веќе се утврдуваат примањата на функционерите. Од УПОЗ велат дека на последниот состанок на ЕСС, дел од нивните предлози биле прифатени. Но, сега се чекаат надлежните да ги понудат своите решенија па, потоа ќе одлучуват дали се во ред или не.

„Имаше приближувања меѓу разликите на Владата и синдикатите прифаќаат бруто просечната плата да биде основица за пресметување на платите. Се договоривме финансии да направи симулација проекции кои би ги доставиле до крај на оваа недела и да можеме ние да видиме дали тоа зголемување одговара“, изјави Трпе Деановски, претседател на УПОЗ.

И додека се чека решението за колективните договори и дали и останатите вработени во администрација ќе добијат иста формула за пресметка на плати, со избраните и именувани фунцкионери почнувајќи од министри, градоначалници, пратеници, па се до претседатели на судови и Обвинителства, на нивните сметки веќе легнаа покачените плати. Добија едно зголемување до 78 отсто за осум дена и едно за цел месец.  Од синдикатот сметаат дека ако сака Владата може да си ги намали платите. Ковачевски, пак, повтори само со нов закон за плати кој е во подготовка, ќе се стави ред со примањата во јавниот сектор.

„Може владата преку измена на закон ако сака да се намалат платите на фунцкионерите. Таа измена би се изгласала во Собрание и би излегла во Службен весник“, додаде Деановски.

„Вие прашувате за плата на едне пратеник или министер, но не и за платата на одредено регуалторно тело,  каде директор зема три пати поголема плата од престедател и од пратеник во Собранието. И затоа законто за плати треба да се усогласи како во Белгија и во соседството каде ќе се нзаае која е највисока и такво решение веќе се подготвува“, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Според пресметките, поголемите плати на функционерите чинат 1, 3 милиони евра месечно или над 15 милиони евра годишно. Седумдесет и осум отсто покачување функционерите добија, откако Уставен суд донесе одлука да укине два члена од Законот за плати на фунцкионерите.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе