Ракомет Спорт

Македонија против Франција и Германија на ЕП

Македонската машка ракометна репрезентација ја продолжи серијата настапи на големите натпреварувања, а денеска по жрепката во Диселдорф ги доби противниците за првата фаза од континенталниот шампионат.

Македонската репрезентација повторно немаше среќа во жрепката за противниците во првата фаза од континенталното првенство. Македонија во првиот круг од шампионатот ќе биде дел од А групата заедно со Франција, домаќинот Германија и Швајцарија.

Според распоредот на стартот на 10 јануари противник ни е најтрофејната репрезентација во историјата, Франција, а тој дуел ќе го играме на стадионот Меркур Шпил во Диселдроф кој има капацитет од 50.000 места додека четири дена подоцна во Берлин ќе се соочиме со Германија, а на 16 јануари се среќаваме со Швајцарија.

Пласман во следната фаза обезбедуваат двете првопласирани репрезентација од секоја група. Европското првенство ќе се одржи од 10 до 28 јануари следната година.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Маркез ја освои 93-тата пол-позиција во кариерата, Мартин најбрз на спринтот во Шпанија

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе