Спорт Фудбал

Челзи е подготвен за размена со Атлетико Мадрид

И покрај фактот што неодамна се најавуваше дека Жоао Феликс ќе си замине од Челзи, медиумите во Велика Британија пишуваат дека клубот од Стемфорд бриџ ќе се обиде на друг начин да го откупи договорот со Атлетико Мадрид.

Челзи нема намера да ги плати бараните 100 милиони евра и за комплетирање на трансферот на Португалецот е подготвен да понуди размена на играчи.

Во пакетот се дури тројца фудбалери, а станува збор за Марк Кукурења и Пјер Емерик Обамејанг плус кеш за откуп на договорот.

Најголем проблем околу реализацијата на планот е напаѓачот Обамејанг кој неодамна изјави дека е подготвен да си оди од Челзи, но само под услов да се пресели во Барселона каде се очекува враќање на Лионел Меси.

Медиумите во Британија сметаат дека доколку пропадне опцијата со Обамејанг може да се најде ново решение со оглед на фактот дека е долга листата на прекубројни на Стемфорд бриџ.

Развојот на преговорите меѓу двата клуба го следат Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен кои исто така се заинтересирани младиот репрезентативец на Португалија.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Серџо Консеисао е главен фаворит да биде нов тренер на Милан

Дејан Дејан

Озимен во Челси, Лукаку во Наполи

Дејан Дејан

Лопетеги ќе го наследи Дејвид Мојс на клупата на Вест Хем

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе