Спорт Фудбал

Бускетс дефинитивно си заминува од Барселона

Серхио Бускетс ги минува последните денови на Камп Ноу. 34 годишниот капитен на Барселона на челниците на клубот денеска им соопштил дека по завршувањето на сезоната си заминува и во претстојниот преоден рок ќе има статус на слободен играч.

Бускетс има можност од Барселона да си замине со шампионски трофеј бидејќи Каталонците веќе викендов може и математички да ја обезбедат титулата со евентуален триумф против градскиот ривал Еспањол.

Поранешниот репрезентативец на Шпанија целата кариера ја мина во клубот каде ги направи првите чекори.

Синот на поранешниот голман на Барселона кој настапуваше во деведесеттите години од минатиот век во 2007 дебитираше во Б тимот на Каталонците, а една година подоцна веќе имаше место во првиот состав, кој веќе ја почна доминацијата на европските терени.

За тимот на Барселона одиграл 478 натпревари и постигнал 11 погодоци, а има освоено 32 трофеи во сите конкуренции, а на крајот од сезонава ќе додаде уште еден.

Во дресот на националниот тим има 143 настапи и два погодоци и со репрезентацијата на Шпанија беше светски и европски шампион.

Неофицијално тој кариерата ќе ја продолжи на Блискиот исток иако во изминатиов период имаше понуда да се пресели во САД.

ФОТО: Игор Паневски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историскиот настап на Лина Ѓорческа на Вимблдон заврши во првото коло

Sportska Redakcija

(Фото) Ѓорчевска стартува против Анисимова

Kristina Kuzmanovski

Германија и Холандија елиминирани по пенал-драми на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе