Вести Економија Топ вести

Бизнисмените не го делат оптимизмот на владата дека инфлацијата ќе падне под 5 отсто во јуни

Бизнисот е сериозно загрижен за состојбата со инфлацијата. Иако, министерот Бектеши очекува во јуни таа да падне под 5 отсто, ако не се случи нешто непредвидливо, првиот човек на најголемата комора во земјава  Азески не е толку голем оптимист дека тоа ќе се случи. Вели состојбата во светски рамки сè уште е загрижувачка и сите институции треба да бидат подготвени во секој момент.

„Оние информации со кои располагаме зборуваат дека ништо така брзо нема да се случи, ако останат овие оценки за меѓународната, регионална состојба, состојбите кај нас.  Кога зборувам за инфлацијата, мојата генерација ја преживеа, вашата не. Јас се консултирам со тие што ја преживеале, тоа е комплексна работа, тоа не е само мерки што ги презема министерство за економија“, изјави Бранко Азески, претседател на Стопанска комора.

И дел од експертите очекуваат едноцифрена инфлација дури во септември.

Бектеши најави дека засилени контроли ќе има и во наредниот период. Маркетите, пак, преку соопштение апелираа до институциите, да не ги казнуваат поради тоа што немале доволно овошје и зеленчук, затоа што за таквата состојба вината не била кај нив.

„И покрај сите направени напори, нарачки и контакти со добавувачи, маркетите не успеаја да ги обезбедат потребните количини на овошје и на зеленчук пропишани со одлуката на Владата, па тие не се достапни на пазарот по оние цени по кои е наложено да се набавуваат и да се продаваат. Оттука, трговците на мало со прехранбени производи упатуваат апел до сите надлежни институции да не ги оптоваруваат компаниите со казнени мерки кои ќе имаат финансиски последици врз нив во овие тешки моменти за стопанството“, информираат од ланецот на маркети од Стопанска комора.

Статистика вчера измери 13 отсто инфлација во април. Бектеши тврди – се намалува, а за тоа помогнале владините мерки. Земјава, пак, била со најниски цени во регионот. Во меѓувреме, ССМ излезе со податок дека за покривање на основните трошоци во месецот, на едно четиричлено семејство му се потребни околу 50.000 денари. Речиси половина од тој износ се троши за храна и пијалоци.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Мицкоски по „козметичката“ реконструкција на владата ќе најави предвремени избори оти нема пари во буџетот

Дејан Дејан

Мицкоски се сретна со сопственици на маркети – се согласиле инфлацијата во јули да остане под 3%

Дејан Дејан

(фото)Најмалку 18 починати во Франција како последица на топлото време, меѓу нив се и две деца заборавени во автомобил

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе