Спорт Фудбал

ПСЖ во преговори со Мурињо за тренерската позиција

Жозе Мурињо ова лето би можел да ја напушти Рома и да побара нов предизвик во кариерата во ПСЖ. Директорот на Французите, Луис Кампос е личен пријател со Португалецот и поранешен соработник во редовите на Реал Мадрид. Токму тој ги води преговорите со Мурињо за негова преселба на „Паркот на принцовите“.

Кристоф Галтие ќе добие отказ по завршувањето на оваа сезона поради очајниот настап на тимот во Лигата на шампиони, па парижаните сметаат дека само со Мурињо на клупата можат да дојдат до толку посакуваниот трофеј.

Интерес за Мурињо имаше и од неговиот поранешен клуб Челси, но тој веднаш ја одбил оваа понуда.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историскиот настап на Лина Ѓорческа на Вимблдон заврши во првото коло

Sportska Redakcija

(Фото) Ѓорчевска стартува против Анисимова

Kristina Kuzmanovski

Германија и Холандија елиминирани по пенал-драми на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе