Кошарка Спорт

ЛА Лејкерс и Мајами поведоа со 2:1

Лос Анџелес Лејкерс триумфираше во првиот дуел на домашен терен од полуфиналната серија во Западната конференција и во соочувањата против Голден Стејт со 127:97.

Ентони Дејвис мечот го заврши со 25 поени и 13 скока, ЛеБрон Џејмс додаде 21 поен, осум асистенции и осум освоени топки под обрачите додека Д’Анџело Расел забележа 21 поен и пет додавања.

Во поразениот тим Стефон Кари имаше учинок од 23 поени и четири асистенции, а Ендрју Вигинс додаде 16 поени и девет скока. Серијата продолжува в понеделник со четвртиот дуел што се игра во Лос Анџелес.

Претходно Мајами забележа нова победа во соочувањето со Њујорк. Овој славеше со 105:86 и во серијата подобар од седум поведе со 2:1.

Вечерва на програмата се дуелите Филаделфија – Бостон и Феникс – Денвер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Маркез ја освои 93-тата пол-позиција во кариерата, Мартин најбрз на спринтот во Шпанија

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе