Ракомет Спорт

По седум години доминација, Вардар ја предаде титулата во Битола

Ракометарите на Еурофарм Пелистер се на чекор до освојување на шампионската титула во Суперлигата откако вечерва во големото дерби го совладаа бранителот на тронот Вардар со 26-23. За „црвено-црните“ тоа беше втор сезонски пораз по оној од Алкалоид, па сега ќе мора да го предадат шампионскиот епитет по седум години.

Пелистер ќе почека на официјално крунисување по завршувањето на сезоната, а се што треба да направи е да не дозволи сензација во последните две кола против Охрид и Тиквеш. Со вакво сценари, титулата ќе се врати во Битола по пауза уште од 2005 година.
Што се однесува до вечерашниот натпревар битолчани заслужено дојдоа до триумфот. Водеа речиси во текот на целиот натпревар иако и Вардар имаше свои моменти, сепак Пелистер помалку грешеше.

Гостите од Скопје со одлична серија во финишот на првиот дел дојдоа до негатива од само еден гол, а резултатот беше егал во почетните минути на вториот дел. Потоа Пелистер направи голем чекор напред кон триумфот кога поведе со 21-17. Вардар имаше сили за серија од 3-0, но не и повеќе.  Гостинот продолжи со индивидуалните грешки во нападот, па домашните поведоа со 26-21 на три минути до крајот. Вардар финишираше со два гола по ред за конечни 26-23.

Во редовите на Пелистер, македонскиот репрезентативец Никола Костески беше најдобар стрелец со шест голови колку што имаше и Осама Хосни, додека Мохамед Суси имаше пет. Кај Вардар, Филип Талески постигна шест голови, а по пет реализираа Гоце Георгиевски и Дејан Манасков.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Маркез ја освои 93-тата пол-позиција во кариерата, Мартин најбрз на спринтот во Шпанија

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе