Вести Економија

Дневната евтина тарифа за струја ќе се воведува повторно, но ќе се врати и редовната даночна стапка- Регулаторите анализираат

По повеќе од една година, се враќа евтината дневна тарифа на електрична  енергија. Се разгледува опцијата цената на струјата  во одреден период во денот  да биде значително пониска од цената која се плаќа во првиот тарифен блок, односно од 7,41 денар за киловат час.

Од Регулаторната комисија велат дека анализите се уштре се прават и за околу две недели ќе има појасна слика и ќе се знаат сите детали.

-Постојат сериозни шанси да се  воведе пониска одредена цена во текот на денот. Таа цена ќе видиме  на кој начин ќе биде определена. Ќе има период сигурно кога ќе има пониска цена на струја да речеме од онаа во првиот блок, значително пониска. Се прават анализи и во наредните дне до три недели ќе имаме и конечен став, изјави за Телма, Марко Бислимовски, претседател на РКЕ. 

Берзанските податоци за струјата се многу пооптимистички во однос  на она што се случувало овој период минатата година.

Од РКЕ тврдат дека за прв пат  по подолго време на берзите е забележана негативна дневна цени на електричната енергија.

-Има податоци од Хупекс имаме прв пат пад во дневните часови негативна цена веќе на најгоемата референта берза и за нас. Имаше негативна цена и одиме во насока да ипсратиме сигнал до ЕСМ како компанија која обезбедува струја за Универзалниот снабдувач, во период во ниска цена за да ги заштитиме домашните ресурси јаглен вода, многу е поисплатливо да обезбедиме струја од пазарот, не мора да е од увоз може да е од домашните фотоволтаици, изјави Бислимовски, прв човек на регулаторната комисија за енергетика. 

Дневната евтина тарифа домаќинствата доста ја користеа. Но, поради енергетската криза и растот на цената на берзите,  се донесе одлука да се укине.

Од  први јануари 2022-ра година освен што се зголеми цената на струјата,  домаќинствата  останаа и без евтината струја преку ден. Можеше да се користи само во ноќните часови и во недела.

Следниот месец  ќе се прави и нова корекција  на цената на електричната енергија за домаќинствата. Новата цена ќе важи од први јули. На почетокот на оваа година ДДВ за електрична енергија се зголеми од 5 на 10 отсто. Во летниот период треба да се врати на редовните 18 отсто.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе