Сопственикот на Челзи, Тод Боели веќе почна да прави планови за засилувања на екипата и преодниот рок што ќе се одржи следната година.
Прв на листата на приоритети ќе биде трансферот на Квича Кваратскелија од Наполи.
Младиот Грузиец уште во првата сезона во дресот на идниот шампион на Италија го привлече вниманието на големите клубови во Европа, но нивниот интерес бргу спласна откако првиот човек на клубот, Аурелио де Лаурентис изјави дека нема намера да го продава Кваратскелија, но може да размисли за раскин на соработката само доколку некој плати сума од 150 милиони евра.
Дваесет и едно годишниот Кваратскелија со Наполи има договор до 2027 година, а заинтересираните клубови, пред се Челзи верува дека следната година обештетувањето ќе биде намалено, но се шпекулира дека Боели нема да жали и 100 милиони евра само да го доведе на Стемфорд бриџ.
ФОТО: Игор Паневски
