Ракомет Спорт

Македонија во третиот квалитативен сад за ЕП 2024 во ракомет

Само еден ден по завршувањето на квалификациите за Европското првенство, ЕХФ ги објави квалитативните садови пред жрепката за првата фаза од континенталниот шампионат што следната година ќе се одржи во Германија.

Македонската репрезентација која во овој циклус го освои второто место во групата сместена е во третиот сад заедно со селекциите на Хрватска, Босна и Херцеговина, Полска, Чешка и Србија.

Репрезентациите ќе бидат поделени во шест групи по четири, а учеството во продолжението од шампионатот го продолжуваат освојувачите на првите две места.

Жрепката ќе се одржи на 10 мај во Диселдорф, а пред извлекувањето на групите познато е дека домаќинот Германија ќе биде дел од А конкуренцијата и своите натпревари ќе ги игра во Берлин.

Хрватска ќе се најде во Б групата што се игра во Манхајм, Исланд е во Ц конкуренцијата и ќе настапи во Минхен.

Норвешка ќе биде во Д групата што се игра во Берлин, Шведска како бранител на трофејот ќе биде во Е групата чиј домаќин е Манхајм, а во Минхен ќе настапи светскиот првак Данска и своите мечеви ги игра во Минхен.

Европското првенство ќе се игра во периодот од 10 до 28 јануари.

 

РАКОМЕТ – ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО / КВАЛИТАТИВНИ САДОВИ

САД 1: Шведска, Шпанија, Данска, Франција, Норвешка, Исланд

САД 2: Германија, Холандија, Словенија, Унгарија, Португалија, Австрија

САД 3: МАКЕДОНИЈА, Хрватска, БиХ, Полска, Чешка, Србија

САД 4: Швајцарија, Романија, Црна Гора, Грција, Грузија, Финска, Фарски Острови.

 

ФОТО: Игор Паневски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе