Спорт Фудбал

Рафаел Леао останува во Милан до 2029 година

Доколку се реализираат најавите на медиумите во Италија, летниот трансфер период ќе остане без една од најголемите ѕвезди.

Преговорите меѓу Милан и Рафаел Леао влегуваат во завршна фаза и наводно треба да се расчисти само уште една дилема.

Португалецот дал начелна согласност за продолжување на соработката на пет години и тој на Сан Сиро ќе остане до 2029 година.

Неофицијално Леао во Милан ќе инкасира седум милиони евра по сезона плус два милиони на име на бонуси што е драстично зголемување на примањата со оглед на фактот дека тој до сега годишно инкасираше 1,5 милиони евра плус бонус.

Пред официјализирање на новиот договор останува да се расчисти само обештетувањето кон неговиот поранешен клуб Спортинг Лисабон кој наместо предвидените 16,5 достигна сума од 22 милиони евра и е предмет на недоразбирање меѓу двете страни.

Во Милан веруваат дека и овој проблем ќе биде надминат и Рафаел Леао ќе остане во клубот иако претходно се поврзуваше со можни трансфери во Реал Мадрид или Челзи.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе