Спорт Фудбал

Лапорт очајнички се обидува да се пресели на Камп Ноу

Шпанскиот репрезентативец Ејмерик Лапорт по секоја цена летово сака да си замине од Манчестер Сити и кариерата да ја продолжи во Барселона.

Дваесет и осум годишниот дефанзивец оваа сезона има одиграно само осум меча за првакот на Англија и незадоволен од статусот кај Жозеп Гвардиола веќе побарал дозвола за трансфер.

Лапорт во Сити дојде пред пет сезони и за него беше платено обештетување од 57 милиони евра.

Поранешниот фудбалер на Атлетик Билбао со Манчестер Сити има договор до 2025 година и откупна клаузула од 124 милиони евра, но неговата вредност на пазарот е скоро за половина помала и се чини дека тој можеби и ќе се врати во Шпанија за сума од околу 50 милиони евра.

Неофицијално Лапорт е многу блиску до трансфер во Барселона која исто така очајнички се обидува да најде квалитетно решение за пополнување на дефанзивната линија.

ФОТО: Игор Паневски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историскиот настап на Лина Ѓорческа на Вимблдон заврши во првото коло

Sportska Redakcija

(Фото) Ѓорчевска стартува против Анисимова

Kristina Kuzmanovski

Германија и Холандија елиминирани по пенал-драми на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе