Спорт Фудбал

Барселона продава пет фудбалери, очекува приход од 90 милиони

Раководството на Барселона веќе има изработено план според кој во текот на летниот преоден рок ќе може да се ангажираат планираните засилувања.

Според пишувањето на медиумите во Шпанија, Каталонците составиле листа од пет фудбалери кои по завршувањето на сезоната ќе може да го напуштат клубот, а станува збор за Ансу Фати, Рафиња, Феран Торес, Франк Кесие и Ерик Гарсија.

Првите проценки говорат дека од трансферите на овие пет фудбалери ќе се инкасира најмалку 90 милиони евра што ќе биде доволно да се задоволи финансискиот фер плеј што ќе овозможи регистрација на нови играчи за следната сезона.

Приоритет за челниците на Барселона е комплетирањето на трансферот на Лионел Меси, но и ангажирање на Илкај Гундоган, Виктор Роке и уште неколку фудбалери кои се наоѓаат на листата на потенцијални засилувања.

Во Барселона очекуваат и корекција на правилата за финансиски фер плеј во Ла Лига бидејќи по заминувањето на Кристијано Роналдо и Лионел Меси од Шпанија драстично се намалија приходите од телевизиски права, а со доведување на нови ѕвезди во клубовите се очекува и зголемен интерес за емитување на директните преноси.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историскиот настап на Лина Ѓорческа на Вимблдон заврши во првото коло

Sportska Redakcija

(Фото) Ѓорчевска стартува против Анисимова

Kristina Kuzmanovski

Германија и Холандија елиминирани по пенал-драми на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе